Почнува санацијата на штетите од поплавите

Од:

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески најави дека од денеска почнува санација на штетите од поплавите што ги зафатија некои региони во земјава.

Како што посочи при саботната посета заедно со премиерот Никола Груевски во Битолско, ќе се почне со санација на патишта и мостови, а штом се повлече водата во Новаци ќе се санира и коритото на реката Црна.

По повлекување на водата Министерството за здравство превентивно со свои екипи ќе врши дезинсекција за заштита од заразни болести, а Министерството за труд и социјална политика преку своите центри ќе направи евиденција на сите загрозени семејства од поплавите.

Телефонските броеви што ги отвори Црвениот крст за донација за поплавените се уште се во функција и се повикуваат граѓаните и компаниите да донираат. Последните информации се дека се собрани околу 100.000 евра.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски