Почнува кампањата „Лето без пожари“

Од:

На платото пред жичницата на Средно Водно, денеска ќе започне реализацијата на кампањата „Лето без пожари“.

Основна цел на оваа кампања е заштита и зачувување на зелените шумски површини, земјоделско земјиште, ливади и пасиштата од пожари во текот на летниот период, преку подигање на свеста на граѓаните за ризиците од појава на пожари и штетите од нив и на тој начин зајакнување на довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните.

Активностите ќе се реализираат на тој начин што од страна на полициски службеници, на претходно избрана локација, ќе им укажува на граѓаните за ризиците од пожар и штетите од евентуалната негова појава.

Како што е најавено, по краткото укажување во однос на совесно однесување и почитување на позитивната законска регулатива, на граѓаните ќе им биде поделен и соодветен пропаганден материјал, со цел создавање однос кон полицијата како кон субјект кој делува во насока на заштита и помош.

Активностите ќе продолжат во текот на летниот период на повеќе локации на подрачјето на СВР Скопје, каде што има зголемена фреквенција на луѓе и возила, а со самото тоа и зголемен ризик од предизвикување пожари, но и големи можности за постигнување на планираните резултати.

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски