Почнува да се гради паркот „Бојмија“ во населбата Острово

Од:

Во населбата Острово, општина Аеродром, почнува изградбата на паркот „Бојмија“, кој ќе претставува модерен урбан хортикултурно уреден простор со високи естетски карактеристики, информираат од општината.

Паркот ќе биде лоциран во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“, а ќе се протега на површина од 5.500 квадратни метри.

– Во рамките на овој простор се предвидени пешачки патеки со паверелементи, детско игралиште, терен за мал фудбал, простор за рекреација со фитнес-справи на отворено, нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, чешма за пиење вода и фонтана, информираат од општина Аеродром.

Оттаму истакнуваат дека со изградбата на овој парк ќе се збогати зеленилото во општината, што ќе придонесе за зголемување на квалитетот на живеење на жителите од сите генерации.

Би можело да ве интересира

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ