Почнува асфалтирањето на втората делница на булеварот „Борис Трајковски“

Од:

Градоначалниците на Град Скопје и на Кисела Вода Коце Трајановски и Билјана Беличанец – Алексиќ денеска извршија увид во градежните работи за проширување и реконструкција на втората делница од булеварот „Борис Трајковски“. Најавија дека наредните денови ќе се асфалтира делницата долга 1.126 метри, на потегот од крстосницата со булеварот „Србија“ до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“.

– Во текот на зимата непречено работевме на проектот за проширување и реконструкција на втората делница од булеварот „Борис Трајковски“. Се постави атмосферска канализација, ново осветлување и се оформуваа тротоарите. Сега продолжуваме со асфалтирање на коловозот. Постојниот оштетен асфалт на улицата ќе се изгребе, ќе се изработи порамнителен слој и ќе се нанесе завршен слој од полимеризиран асфалт-бетон. Очекуваме сообраќајницата да биде готова за два месеца, изјави Трајановски.

Тој нагласи дека со проширувањето на овој дел, булеварот доби четири коловозни ленти (по две во секоја насока) широки по 3,5 метри. Од двете страни на коловозот се изградени тротоари покриени со бекатон-плочки.

– Проширувањето на коловозот на оваа делница беше искористено за да се постави атмосферска канализација во должина од 1.126 метри со променлив профил, од 500 до 800 милиметри. Постојниот армирано-бетонски мост над Усјанскиот канал беше реконструиран, со што тој доби четири коловозни ленти со пешачка и велосипедска патека. Проектот за проширување и реконструкција на булеварот „Борис Трајковски“ е од исклучително значење за Скопје и за развој на овој дел од општината Кисела Вода, потенцира Трајановски.

Тој се заблагодари на жителите на Скопје за укажаната доверба на локалните избори и нагласи дека градежните проекти ќе продолжат и наредниот период со, како што рече, исто темпо, како и досега.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ истакна дека ова е уште еден во низата успешни проекти на Град Скопје во оваа општина.

– Апелирам до моите сограѓани да покажат разбирање и трпение додека траат градежните работи на оваа сообраќајница. Крајниот резултат ќе биде од корист на сите, нагласи Беличанец – Алексиќ.

Град Скопје во октомври минатата година официјално ја отвори за сообраќај првата делница од проширениот и реконструиран булевар „Борис Трајковски“ во општина Кисела Вода, кој се градеше на потегот од „Рампа“ до крстосницата со улицата „Народни херои“ во должина од 1.380 метри.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он