Почнаа завршните зборови за „Рекет”, според одбраната, поротник е со изминат мандат

Од:

Во Кривичнот суд во Скопје, почнаа завршните зборови за предметот „Рекет“. Пред да почне рочиштето, одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски, реагираше дека член на судечкиот совет е со изминат мандат.

Но, после кратка пауза судијката Васка Николовска-Масевска, достави доказ дека на наведениот судија поротник мандатот му започнал во јули 2018, а не како што тврдеше адвокатот Сашко Дуковски, дека мандатот му почнал од декември 2015.

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, исто така обвинета во „Рекет“, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.

Меѓу обвинетите за овој предмет каде прв пат во историја на државата во обвинение е опфатен еден обвинител беше и Зоран Милевски – Кичеец, но уште на првото рочиште тој ја прифати вината и Кривичниот суд го осуди на три години затвор.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава