Почнаа подготовките за изградба на пречистителна станица во Тетовско

Од:

Изградба на пречистителна станица кај селото Фалише и 30 километри нова канализациска мрежа за Тетово и околината предвидува проектот „Изградба и реконструкција на колекторски и канализациски системи и изградба на пречистителна станица за отпадни води за агломерација Тетово“.

Како што беше речено денеска на јавна расправа во Тетово, проектот е вреден околу 28 милиони евра од кои 22 милиона се обезбедени од ЕУ фондовите. Изработката на документацијата привршува, тендерската процедура за набавка треба да почне пролетва, а теренските активности и изградбата се планирани за почетокот на следната година.

Според заменик-раководителот на проектот при Министертсвото за животна средина и просторно планирање Дирк Фицке, со новата пречистителна станица треба да се овозможи заштита на површинските води од реките во Тетовско, пред се на Вардар, а со тоа подобрување на задрвјето на луѓето, но и можности за економски развој.

– Сега, во агломерацијата и во околината на градот и селата живеат околу 100 илјади жители. Сите отпадни води од домаќинствата и од индустријата се испуштаат нетретирани во Вардар. Со изградба на пречистителната станица над 95 отсто од водите во градот Тетово и селата од околината ќе се третираат, изјави Фицке.

Квалитетот на водите од површинските текови постојано се следи од вработените во Центарот за јавно здравје Тетово.

– Врадар на влезот во поранешната општина Тетово е некаде меѓу прва и втора категорија додека на излезот знае да биде и трета и четврта категорија. Самата разлика во категоризацијата покажува дека имаме одредена деградација на квалитетот на површинските води а тоа влијае на флората и фауната. Главни загадувачи на реката Вардар се нетретираните фекални води, рече Ратко Давидоски од Центарот за јавно здравје Тетово.

Пречистителната станица во Тетово е дел од проектот што ги опфаќа сличните работи и за Битола и Струмица при што од вкупната врредност од околу 63 милиони евра ЕУ учествува со околу 50 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Наставничка на час истепа ученик во Тетово

Работат со договор на дело по 10 години, сега немаат плата два месеци – протест во тетовската болница

Оружен инцидент во Тетово: Напаѓачи пукале во семејна куќа, нема повредени

Насилник го нападнал новинарот Неврим Адеми

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

Автопатот Тетово-Гостивар долг 17,5 километри ќе биде готов за две и пол години

Горан Наумовски