Почнаа градежните активности за нов водовод во општина Чешиново-Облешево

Од:

По потпишувањето на договорот со Комуналното-јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани, кој ќе ја снабдува општината Чешиново-Облешево со вода за пиење, почнаа градежните активности за изградба на водоводна мрежа во Облешево.

– Средствата за реализација на овој проект се обезбедени преку Министерството за финансии како под заем во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP). Средствата кои општината ќе ги вложи за овој проект се 19.814.506 денари, истакна градоначалникот Костадин Личков.

Со средствата од Проектот, како што рече, ќе биде изграден главниот крак на водоводната мрежа во должина од 3.204,28 метри со сите потребни придружни објекти, водоводни шахти и хидрантски приклучоци кој се протега од приклучната шахта кај село Долни Подлог, ќе минува низ село Облешево, па се до приклучната шахта кај село Чифлик од каде преку веќе изградениот систем за водоснабдување вода за пиење треба да добиваат и жителите на село Чифлик и село Чешиново.

Тој истакна дека водата за пиење ќе се обезбеди преку водоснабдителниот систем на Кочани, која претходно е третирана во постојната фабрика за водовод Кочани, за кое беше склучен договор со општина Кочани и Комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани.

Со реализација на овој проект граѓаните од Чешиново-Облешево ќе добијат чиста вода за пиење, хемиски и бактериолошки исправна.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари, конечната одлука ја носи Советот на општината

Ана Ололовска

Нека штрајкуваат колку сакаат, со нив не седнувам на маса – Арсовска нема да преговара со Синдикатот

А1он

СДСМ: Незаконски се отпушта претседател на синдикална организација во „Водовод и канализација“