Почнаа градежните активности на булеварот „Гоце Делчев“ за подобра атмосферска мрежа

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација” Бојан Василевски денеска го означија почетокот на градежните работи на атмосферскиот колектор под стоковната куќа „Мост“, на дел од булеварот „Гоце Делчев“.

Според Град Скопје, оваа локација на булеварот „Гоце Делчев“ е една од десетте точки во градот што редовно се поплавуваа при поројните дождови.

– На оваа локација покрај активностите на постојаната атмосферска мрежа, ќе биде изграден дополнитен колектор со профил Ф 500 милиметри, во должина од 62,1 метар, од јужниот коловоз до приклучокот во постоечкиот атмосферски колектор Ф 1000 милиметри. Воедно, по јужниот коловоз ќе биде изведен армирано-бетонски монолитен канал во должина од 30 метри, а попречно, по двата коловоза ќе биде изведен армирано бетонски монолитен канал во должина од 27 метри со зафат преку попречни и подолжни решетки со канали од двете страни на булеварот, рече Трајановски.

Според него, со овие зафати и зголемувањето на капацитетот на атмосферскиот колектор, значително ќе се подобри одведувањето на атмосферските води и ќе спречи поплавување на коловозот во услови на интензивни врнежи.

pocetok na gradezni raboti na atmosferska pod SK Most (1)

Директорот Василевски ги објасни техничките детали за изведба на дополнителната атмосферска мрежа под стоковната куќа „Мост“.

–  Изведба на дополнителната атмосферска мрежа под стоковната куќа „Мост“ ќе работат градежниците на компанијата „Жикол“, а градежните работи се очекува да завршат за 50 работни дена. Овој проект е изработен и финансиран од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ и за овој зафат ќе бидат издвоени околу 2,5 милиони денари, рече Василевски.

Градежните зафати се дел од активностите кои Градот Скопје ги презема за надминување на проблемите со поплавите кои се создаваа на десетте критични точки по поројните дождови. Досега е интервенирано на дел од улицата „Финска”, а во завршна фаза се и активностите на булеварот “Киро Глигоров”. На останатите места ќе се интервенира по завршување на сите законски постапки и спроведување на јавни набавки и се очекува најголемиот број на градежните работи за завршат за неколку месеци. За сите овие интервенции Градот Скопје ќе одвои околу 2 милиони евра.

pocetok na gradezni raboti na atmosferska pod SK Most (8)

Градот Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да покажат разбирање додека траат градежните работи на дел од булеварот „Гоце Делчев“ и доколку се во можност во своето движење да ја користат околната патна мрежа.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен