Почнаа чествувањата по повод 16-годишнината од загинувањето на 10-те бранители на Карпалак

Од:

Со положување цвеќе и со поклон пред спомен обележјето во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп вечерва почнаа чествувањата по повод 16-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски бранители на 8 август 2001-та на патот Скопје- Тетово кај месноста Карпалак.

Претставници на АРМ, на семејствата на загинатите, на локалната самоуправа, на здруженијата на бранителите и граѓани се поклонија пред спомен обележјето во кругот на прилепската касарна.

Оддавајќи им почит на 10-те загинати резервисти на АРМ со едноминутно молчење, заменик командантот на касарната, потполковник Славчо Кузманоски рече дека во турболентната 2001 година, кога недобронамерниците посегнаа по ова наше парче земја, прилепчани застанаа во одбраната на интегритетот и суверенитетот на Македонија.

– Нашите војници Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Дарко Вељаноски, Љубе Грујоски, Пеце Секулоски и Марко Деспотоски, припадници на резервниот состав на единицата, како лојални и чесни граѓани ја исполнија својата света должност, положувајќи ги своите животи на браникот на татковината. Денес, овде во касарната ние, нивните најблиски, колеги, роднини, пријатели и сограѓани се поклонуваме пред нивното спомен обележје со ветување дека нема да бидат заборавени, посочи рече потполковник Кузманоски.

Останува и обврската, наша и на идните поколенија, додаде Кузманоски, споменот да го чуваме, да се сеќаваме на 2001-та и да не дозволиме никогаш да се повтори.

Најблиските на загинатите, бранителите и граѓаните ја посетија и Спомен собата во кругот на касарната каде се чуваат спомените за загинатите бранители.

Вечерва цвеќиња беа положени и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште, а во манастирот „Света Петка“ се одржа вечерна богослужба.

Утре делегации ќе заминат на месноста Карпалак, на патот Скопје-Тетово каде на 8 август 2001 година во заседа беше пречекан армискиот конвој кога загинаа 10-те прилепски бранители.

Во Прилеп ќе бидат положени свежи цвеќиња на гробовите на загинатите, од 10 часот во црквата „Света Петка“ во населбата Точила ќе се одржи панихида во чест на загинатите, а од 12.30 часот е централното чествување по повод 16 годишнината од загинувањето на 10-те бранители, пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

Би можело да ве интересира

Оштетена спомен плоча на загинатите бранители кај „Карпалак“

Предраг Петровиќ

23 години од трагедијата кај Карпалак

Во Прилепската касарна почна одбележувањето на 23 години од Карпалак

Министерството за одбрана ја почна постапката за изградба на споменици на загинатите бранители Љуботенски бачила, Карпалак и Вејце

Катерина Ѓуровски

Петровска за Сејдиу: Нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана

Горан Наумовски

Банкината им е споменик на загинатите крај Карпалак и по 22 години: Петровска ќе бара дозвола од Желино да постави спомениик

A1on