Почна втората фаза за обнова на регионалниот пат Тетово-Гостивар

Од:

Вицепремиерот Муса Џафери денеска присуствуваше на почетокот од втората фаза за обнова на регионалниот пат Тетово-Гостивар, што се одржа на влезот во селото Долно Палчиште, општина Боговиње.

Според Џафери, обновата на овој регионален патен правец со вкупна должина од околу 20 километри е еден од приоритетите на Владата.

-Околу овој пат гравитираат над 100 илјади жители и затоа е многу важно тој да се направи во целост. Иако работите започнаа пред локалните избори со ова ние покажуваме дека активностите за реконструкција и асфалтирање на овој пат продолжуваат согласно планот, рече Џафери.

Директорот на јавното претпријатие Македонија пат, Гајур Кадриу очекува работите за обнова на овој патен правец многу скоро да бидат целосно завршени. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува над еден милион евра, средства што се обезбедени од буџетот на јавното претпријатие.

Стариот пат Тетово-Гостивар започнува од тетовската приградска населба Мала Речица и минува низ две други полошки општини, Боговиње и Врапчиште – Неготино за да заврши во Гостивар.

Во однос на лошата состојба на автопатот Тетово-Гостивар, што е со повеќе ударни дупки и без заштитна ограда, Кадриу најави дека и за тука се обезбедени потребни средства по што ќе се започне со крпење на ударните дупки и поставување на плетена жица покрај автопатните  ленти.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска