Почна уредувањето на вториот дел на Парк Македонија

Од:

Градоначлникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски, денеска го најавија почетокот на уредувањето на вториот дел на Паркот Македонија, покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов.

-Градот продолжува да го зазеленува Скопје, и на овој простор што е со површина од околу 32 000 квадратни метри, на потегот од угостителскиот објект Македонска куќа до индивидуалните куќи на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов ќе изврши реконструкција на зелената површина, и ќе уреди нова парковска површина. Во паркот ќе се постави нова хидрантска мрежа со 192 прскалки со кои ќе се полева зеленилото во паркот и околу 800 новозасадените садници , од кои околу 300 дрвја ќе бидат листопадни, а околу 500 зимзелени. Во рамките на паркот ќе се оформи една трим патека со бела ризла и една асфалтирана патека со клупи за седење, корпи за отпадоци и друга урбана опрема. По трим патеката сукцесивно ќе се формираат и површини коишто граѓаните ќе можат да ги користат за одмор и рекреација, а на дел од неа ќе се постават и фитнес справи за вежбање. Во паркот, исто така, ќе има и содржини намените за децата, односно ќе се постават детски реквизити направени од дрво, еко-реквизити, како и 3 летниковци коишто ќе им овозможат на сите граѓаните да уживаат во него без разлика на временските услови и годишните времиња. Трим патеката ќе биде целосно осветлена. За реализација на овој проект од Буџетот на Градот ќе се издвојат околу 15 милиони денари- истакна градоначалникот Трајановски.

На уредувањето на паркот ќе работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, а ќе им помагаат екипи од ЈП„ Улици и патишта“.

Би можело да ве интересира

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството