Почна уписот на Штипскиот универзитет

Од:

Околу илјада идни студенти до 12 часот поднеле пријави за запишување на еден од 12-те факултети и трите академии на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип во академската 2014/2015.

Проректорот за настава, Емилија Јаневиќ-Ивановска, изјави дека уписите во прва година на Штипскиот универзитет течат без никакви проблеми, а досега кандидатите најмногу се интересираат за студиските програми на Медицинскиот факултет.

– Интересот генерално е како и секоја година. Очекувам оваа година техничките факултети да бидат повеќе експонирани. Има заинтересираност и за трите академии – за филм, ликовна и за музичка уметност, рече Јаневиќ-Ивановска.

На 12-те факултети и на трите академии на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип има вкупно 4.728 слободни места, од кои 2.839 за редовни студенти во државната квота, 1.049 во квотата за кофинансирање на студиите и 840 места за вонредни студенти.

Првиот уписен рок на УГД почна денеска и ќе трае утре и задутре. Конечните резултати за прием на кандидатите ќе бидат објавени на 22 август, а запишувањето во првиот уписен рок ќе биде на 25-ти и 26 август.

Би можело да ве интересира

На Скопскиот универзитет започнаа уписите за слободни над 9.700 места за бруцоши

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on