Почна судскиот процес „Калдрма“, најголем досега

Од:

Почнува најголемиот судски процес во Македонија. 86 работени во „Македонијапат“ осомничени дека фалсификувале сметки за патарина, се на обвинителната клупа.

Судењето во случајот „Kалдрма“ е во големата сала на Врховниот суд во Скопје.

Обвинението за „Kалдрма“ е напишано на 400 страници, па најверојатно првиот ден ќе помине во читање на обвинителниот акт. Обвинети се дека фалсификувале сметки за патарина и на тој начин го олесниле буџетот за 2 милиона евра.

Одбраната тврди дека , доказите кои биле собрани со помош на посебни истражни мерки не покажувале дека обвинетите се виновни.

„Калдрма“ е продолжение на полициската акција „Змиско око“. „Змиско око“ во кое им се судеше на 72 инкасанти, падна на Апелација.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он