Почна судењето против Мерко за поставената спомен плоча на влезот на Општина Струга

Од:

Во Основниот суд во Струга денеска почна главната расправата во судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за поставено спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда. Претходно, Судот ја одложи расправата за набавката на луксузен автомобил „Ауди“, која почнува од почеток поради промената на судечкиот судија.

Како градоначалник на Општина Струга, Мерко во март годинава, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое, според обвинението, поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја. На предлог на Обвинителството одземен му е пасошот и треба еднаш неделно да се јавува во Судот.

Мерко за ова дело пред Судот се изјасни дека не се чуствува виновен.

Со поставувањето на спомен плочата на општинската зграда, според поранешниот советник во Советот на Општина Струга, а сега заменик министер за правда Ален Деребан, се задира во Уставниот поредок на државата. Тој забележа дека плочата предизвикала етнички раздор и нетрпеливост кај населението, поради, како што рече, содржината, која го слави периодот кога Струга била под фашистичка окупација, но и оти е поставена без одлука на Советот.

– Поставувањето на плочата предизвика етнички раздор и нетрпеливост во Оштина Струга, затоа што со содржината се слави периодот кога Струга и западниот дел од Македонија бил под фашистичка окупација од Италија. Очекувам дека Судот врз основа на доказите со кои располага ќе донесе осудителна пресуда, со која што во иднина ќе се спречи оваа пракса за поставување на спомен плочи и спомен обележја од контровезни личности од историјата со кои се задира во Уставниот поредок на Република Македонија, изјави Деребан по давањето исказ.

За поставената плоча на Општинската зграда во Струга, пред десеттина дена Комисијата за заштита од дискиминација утврди дека Мерко со своите постапки предизвикал продолжено вознемирување кај жителите на општината.

Судскиот процес ќе продолжи на 5 март со сослушување на сведоците.

Во Основниот суд во Струга денеска се одржаа и две одвоени рочишта против Мерко за незаконско поставување директори во четири основни училишта во Општина Струга. Во еден предмет споени се обвиненијата за училиштата во Лабуништа, Радолишта Подгорци и „Браќа Миладиновци“ во Струга, додека за училиштето во Велешта се води одвоен предмет каде четири лица се обвинети за злоупотреба на службата и фалсификување.

За овие предмети сведочеше поранешниот министер за образование и наука Јетон Шакири, кој кажа дека во времето кога тој бил министер до него не бил доставен предмет за одземање ингеренции, нигу стигнале извештаи од инспекторат.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави (САД) поради вмешаност во корупција. Против него има поднесено девет обвиненија за несовесно работење во службата.

Би можело да ве интересира

Петковски: Обвинителството не докаже дека Мерко е виновен за незаконско назначување директори во три училишта

Горан Наумовски

Нормализиран сообраќајот на патот Маврово – Дебар, кај „Ростушко анче“

Во Скопје пристигна првата евакуирана група македонски државјани од Израел

(ВИДЕО) И ги извадија органите и пет години чека пресуда, Веапоска се сомнева: Сакаат да застари делото

Предраг Петровиќ

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Почина новинарот Владимир Лапе