Почна со работа реконструираниот базен „Бисер“

Од:

Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски и директорот Владимир Латковиќ денеска го пуштија во употреба реконструираниот базен „Бисер“.

– Инвестицијата е вредна околу 9 милиони денари. Базенот „Бисер“ е целосно реконструиран за оваа година. Реконструирано е коритото и ресторанот. Ќе има часови по ватерполо, пливање, одбојка на плажа, истакна градоначалникот Коневски.

biser-ivica

Директорот на базенот Владимир Латковиќ рече дека базенот бил доста запоставен и додаде оти почнале со работа од февруари.

– Не застануваме овде, планираме уште да вложиме и ова да биде пример за тоа како треба да изгледа еден базен. Се надевам дека ќе успееме во тоа, во соработка со општината Аеродром, граѓаните на Скопје и на Македонија ќе може да уживаат, изјави Латковиќ.

Базенот во Аеродром ќе понуди и летни школи за пливање, ватерполо тренинзи, необични спортови во вода и постојана анимација за посетителите.

biser-bazenn

Покрај пливачките летни школи, натпреварите во одбојка и тимски игри, менаџментот на базенот од оваа година ќе стави акцент на организација на работењето со граѓанскиот сектор. За таа цел се воведени повеќе капацитети за опуштање на посетителите, поставени се повеќе ареи за седење и одмор, како и креирање на детско игралиште за најмалите.

Картата чини 200 денари, за децата до 12 години ќе биде 100 денари, а за најмалите – деца до 6 години влезот ќе биде бесплатен. Базенот ќе работи секој ден, до крајот на септември, од 8 до 1 часот по полноќ.

Би можело да ве интересира

Аеродромот во Милано преименуван во чест на Берлускони – градоначалникот одби да присуствува на церемонијата

А1он

Mакедонски државјанин уапсен на аеродромот во Загреб – допираше 15 годишно девојче во авион

А1он

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по бројот на патници

А1он

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски