Почна со работа првото јавно претпријатие за развојни проекти во Општина Аеродром

Од:

Општина Аеродром денеска официјално го промовираше Јавното претпријатие за развојни проекти и првите два проекти за фотоволтаични термални системи и за управување со органски отпад.

Целта за формирање на Јавното претпријатие, според в.д. директорот Владимир Стевков, е реализација на проекти во рамките на стратегијата „Аеродром – прва општина со европско знаменце“.

„Станува збор за прво јавно претпријатие од ваков тип во земјава и веќе се избрани членовите на Управниот и Надзорниот одбор. Претпријатието веќе е во функција и денеска ги промовиравме првите два проекти во интерес на жителите на Општина Аеродром. Исто така, работиме на нови европски проекти кои набрзо ќе почнат со реализација, а истовремено ги повикуваме заинтересираните компании и граѓани да аплицираат со нови идеи“, изјави Стевков.

Енергетската ефикасност е значајна цел за Општина Аеродром и за нејзините жители, порача проф. д-р Илија Насов кој го претстави проектот „Хибридни фотоволтаични термални системи“.

„Со поставување на овие фотоволтаици инвестицијата се враќа за пет до пет и пол години, а потоа уште 20 години се добива бесплатна енергија. Најболното прашање е што во Македонија не се искористени термалната енергија и сите други капацитети што ги поседува. Затоа треба да се подигне свеста, но и државата да вложува преку субвенции“, изјави Насов.

Еден од проектите на Јавното претпријатие е и управувањето со органскиот отпад што во голема мера ќе придонесе за зачувување на здравата животна средина, како и правилно отстранување на отпадот од домаќинствата и фирмите.
„Според статистиката, повеќе од 60 отсто од вкупниот отпад во урбаните средини припаѓаат на т.н. биоотпад. Слична е ситуацијата и во Општина Аеродром. Општината досега со овој тип на отпад се справувала на конзервативен начин, односно со одложување на градска депонија“, истакна Наталија Бургиева од „Мама органа“.

Таа додаде дека преку проектот, биоотпадот не само што нема да загадува и да создава трошоци, туку ќе креира и дополнителна вредност на високонутритивно ѓубриво (компост), кое може да се употребува во земјоделието и хортикултурата.

Проектот директно ќе влијае на намалување на обемот на отпадот во општината, намалување на трошоците за одлагање и транспорт, намалувањето на количината на стакленички гасови во атмосферата, а воедно Општината ќе се доближи и кон целта „Нула отпад“.

Би можело да ве интересира

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

Заслугата за новото училиште и новата градинка е на Градоначалникот Муцунски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ реагираат од Општина Аеродром

Левица: Муцунски ги извиси спортските клубови во Општина Аеродром

Општина Аеродром: Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации

Муцунски: Преку континуирани инвестиции во нова опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром

Муцунски: Со силна заложба и континуирани инфраструктурни инвестиции до поубава и помодерна општина Аеродром