Почна селекцијата AIR Screening на кандидатите за пилоти на полициски хеликоптер

Од:

Во Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец почна AIR Screening – селекција во воздух со првата група кандидати за прием на пилоти на полициски хеликоптер, по конкурсот што МВР го објави пред неколку месеци.

Првата група од 17 кандидати денеска ја почна селекцијата во воздух и треба да ја заврши до 17 јули, додека селекцијата за втората група од исто така 17 кандидати ќе почне на 11 август а ќе трае до 12 септември.

По повод почетокот на селекцијата за првата група кандидати, Центарот за обука денеска го посетија министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Митко Чавков.

На конкурсот за прием и обука на 12 пилоти за потребите на хеликоптерската единица при МВР се пријавија 469 кандидати (од кои 407 од мажи и 59 жени).

Во изминатите месеци беа реализирани неколку видови селекција: при административната селекција отпаднале 44 кандидати (поради возраста – од нив 38 машки и 6 жени кандидати). На проверката на физичките способности биле повикани 422 кандидати, од кои 298 успешно ја минале оваа фаза на селектирање, а потоа следувало тестирање за познавање на англискиот јазик, на кое успешно поминале 214 кандидати од кои 182 мажи и 32 жени.

На лекарските прегледи отпаднале 16 кандидати, а останатите 198 кандидати биле упатени на т.н. селекција на земја која успешно ја поминале 35 кандидати, од кои 30 мажи и пет жени. По ова следувала фазата на воздухопловни лекарски прегледи на кои отпаднал само еден кандидат, а останатите 34 кандидати се упатени на AIR Screening – селекција што ќе се реализира во наредниве два месеца.

Би можело да ве интересира

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он