А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Почна седницата за избор на нови министри

by А1он01/06/2018 - 11:35121
Share0

Собранието на Република Македонија денеска ја почна 49. седница со гласање на одлуката за распишување оглас на нови членови на Државната изборна комисија, кои ќе бидат со мандат од шест месеци.

Добивај вести на вибер

Членовите на ДИК, според измените, ќе се бираат по стариот модел. Огласот ќе трае осум дена, по што партиите треба да се изјаснат за пријавените кандидати. Претседателот на ДИК треба да биде од редот на опозицијата.

Пратениците потоа ја започнаа постапката за избор на нови членови на Владата. На дневен ред е избор на нови министри во Владата и заменици министри.

Премиерот Зоран Заев до Собранието минатата недела достави предлог за нови министри според кој, за нова министерка за правда се предлага Рената Дескоска, за министер за образование и наука Арбр Адеми, за култура Асаф Адеми за култура и за министер без ресор Бардил Даути.

За заменик министер за надворешни работи е предложен Андреј Жерновски, за заменик министер за здравство Асим Муса, за заменик министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и за транспорт и врски Садик Беќири.

Како нови коалициски партнери во Владата влегуваат крилото на Беса на Африм Гаши и ДПА, кои имаат министерски места, како и Сојузот на Ромите.

Се очекува на седницата премиерот Заев да го образложи предлогот, по што ќе се отвори дебата. Новите министри треба да бидат избрани до полноќ. Доколку изборот биде претходно, Собранието ќе пристапи кон избор на замениците министри. Во спротивно, можно е седницата да продолжи во сабота.

sobranievlada

Би можело да ве интересира

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:1823/03/2026 - 14:18

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто