Почна реконструкцијата на водоводната мрежа на неколку улици во Чаир

Од:

Во Општина Чаир денеска беше означен почетокот на работите за целосна реконструкција на водоводната мрежа на четири улици од населбата Серава: „Јахја Паша“ („Солунска “) и нејзините кракови, во должина од 335 метри; „Ковачка“, во должина од 215 метри; „Рифат Бурџевиќ“, во должина од 275 метри и улицата „Кумбара“ со кракови, во должина од 160 метри. Од општината информираат дека за реконструкцијата на овие улици, Општина Чаир од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедила средства во износ од над 300.000 евра.

Почетокот на работите за целосна реконструкција на водоводната мрежа на четири улици од населбата Серава го означија министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Нуредини потенцираше дека реконструкцијата на постојната водоводна мрежа за улиците „Ковачка“, „Руфет Бурџевиќ“, „Места“, „Солунска“, улица „138“ и дел од улицата „Саум Чешма“ 1 и 2 во Општина Чаир, Министерството за животна средина и просторно планирање во Буџетот за 2020 година обезбедила финансии во висина од 20 милиони денари.

Од Министерството информираат дека со цел да се обезбеди чиста и безбедна вода за пиење зажителите на оваа скопска населба и во 2021 година од Буџетот на МЖСПП се планирани дополнителни финансирања во висина од 5 милиони денари наменети за реконструкција на водоводната мрежа и атмосферската и фекална канализација за делот „Струмички Крак 4, 5 и 6“ во општината.

– Нашиот ангажман во оваа општина не завршува тука и во наредниот период ќе продолжиме со реализација на проекти за водоснабдување и одведување на отпадни води. Веќе е изработена индикативна листа на можни проекти за кои се започнати преговори со Европската Инвестициска Банка за обезбедување на кредит во висина од 50 милинои евра, истакнал Нуредини.

Ганиу на овој настан ја објавил и веста дека се обезбедени и над 1 милион евра за населбата Серава, преку алокација на средствата од ТАВ, со кои во рок од 3-4 месеци целосно ќе се реконструира водоводната и фекалната канализациона мрежа на многу други улици на ова населба, каде живеат над 20 илјади жители.

Тој потсетил дека пред неколку недели беа обезбедени и 650 илјади евра од Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП 2, за реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација во 6 улици од населбата Дижонска.

Би можело да ве интересира

Шеесет и деветгодишна жена е жртвата во синоќешната сообраќајна несреќа во Чаир

Жена почина во сообраќајна несреќа во Чаир

ОЈО предложи притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

Четворица приведени за пукањето во Чаир, двајца биле затвореници од „Идризово“

Почна увидот во зградата во Чаир во која избувна пожар од импровизиран магацин во подрумот

Катерина Ѓуровски

Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир