Почна реконструкцијата на улицата „Даме Груев“ во Берово

Од:

Беровската локална самоуправа почна со реконструкцијата на улицата „Даме Груев“ што се спроведува во рамките на општинската Програма за уредување на патишта и улици.

Со реконструкцијата на оваа мошне фреквентна улица ќе бидат опфатени 720 должни метри на потегот од влезот на црквата „Св. Тодор“ до Ормански поток.

Од посточекиот коловоз на улицата ќе бидат извадени старите рабници и ќе се вградат нови. Улицата широка шест метри ќе биде тампонирана со 30 сантиметри чакал, а потоа ќе биде нанесен асфалтен слој со дебелина од пет сантиметри.

– На дел од улицата во должина од 472 метри, што беше изграден порано, поради дотраеност асфалтот ќе биде иструган, отстранет и заменет со нов. Еден нејзин крак ќе биде изграден паралелно со Ормански поток во должина од 65 и широчина од 3,5 метри, за да се обезбеди пристап до асфалтот и на населението од куќите на периферијата, изјави Љупчо Дракалски, директор на Јавното комунално претпријатие „Услуга“ од Берово.

Би можело да ве интересира

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово

Пекевски: Дечињата кои прележаа салмонела се во добра состојба

Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка што ги испитуваше Центарот за јавно здравје – Кочани

Малолетник со нож и се заканувал на поранешната девојка

Пекевски закажа средба на Управниот одбор во градинката „23 Август“ по информацијата за двата случаи на салмонела

Горан Наумовски