Почна реконструкцијата на тротоари во Неготино, во согласност со годишната програма за комунални работи и сообраќај во општината.
– Во моментов на терен се работи на реконструкција на тротоарот од левата страна на улицата „Борис Кидрич“, од спојот со улицата „Маршал Тито“, до спојот со улицата „ЈНА”. Најпрво се изврши отстранување на постоечкиот бетон и рабниците, по што се пристапи кон поставување на бекатон коцки и нови бетонски рабници, со што по завршувањето на работите овој тротоар ќе добие сосема нов и модерен лик, информираше градоначалникот на Неготино, Тони Делков.
Тој соопшти дека следна локација на која ќе се работи ќе биде потегот кај црквата „Свети Атанасиј“ од десната страна на учицата „Партизанска“, од спојот со улицата „Цандо Кожинков“, се до спојот со улицата „4 Јули“, каде ќе се гради комплетно нов тротоар.
Средствата за изведување на работите се обезбедени од буџетот на општина Неготино.