ВИДЕО: Почна реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ во Влае

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска присуствуваше на започнувањето на градежните работи за реконструкција на булеварот „Партизански одреди“ во населбата Влае во Карпош.

На овој дел од булеварот, со вкупна должина од 835 метри, целосно ќе биде отстранет стариот коловоз и ќе биде нанесен нов асфалтен слој. Исто така, ќе се заменат оштетените шахти и ќе се нивелираат постојните, а ќе се заменат и сите оштетени рабници. За реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“, како што информира Шилегов, Град Скопје ќе издвои околу 19 милиони денари.

– Градот Скопје ја почна реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ на потег од мостот „Обединети Нации“ до кружниот тек со улицата „Ацо Шопов“ во должина од околу 850 метри. Со цел работите побрзо да се одвиваат и што е можно помалку да им го отежниме движењето на граѓаните додека се врши реконструкцијата, градежните активности се поделени на две фази и ќе ги вршат две различни компании, изјави градоначалникот Шилегов.

Тој апелираше до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот, истовремено замолувајќи ги за разбирање во потешкотиите во одвивањето на сообраќајот до завршувањето на реконструкцијата.

Реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ е една од низата коишто се реализираат во овој период во насока на обезбедување побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во нашиот град. Претходно започна и втората фаза од проектот за изградба на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел, како и реконструкцијата на улицата „Ацо Шопов“, а во наредниот период ќе почне и реконструкцијата на улиците „Брадфордска“ и „Лондонска“ во Карпош, улицата „Антон Попов“ во Кисела Вода, како и изградба на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен