Почна првиот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип

Од:

Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип од денеска до 1 септември го реализира првиот уписен рок за прием на студенти за академската 2020-2021 година, кој ќе се спроведе според здравствените протоколи. Слободни се 3800 места за идни студенти за 90 студиски програми на 12 факултети и три академии.

Пред речиси два месеца е отворена и електронска платформа на која студентите можеа да си направат профил, да ги внесат оценките и да извршат електронско плаќање, а од денеска на пунктовите може само да ги достават потребните документи за упис.

-Отворени се пунктовите за упис на студенти во прва година во нашите центри во Штип, Струмица, Скопје, Кавадрци и Гевгелија. Доколку студентите не можат да се снајдат на платформата, нашите вработени на отворените пунктови ќе им помогнат да ги завршат сите постапки, рече проректорот на УГД-Штип Мишко Џидров денешната на прес-конференција.

Македонските универзитети сè уште немаат добиено насоки како ќе се држи наставата – со физичко присуство во предавалните или онлајн.

-Ние како Универзитет сме подготвени да се вратиме во предавалните, а подготвени сме и за далечинско учење. Од Мајкрософт добивме и признание дека најдобро сме одговориле на предизвикот за онлајн-учење. Во текот на минатите месеци на наставниот кадар им е дадено насоки да го прошират материјалот и да го прилагодат за ваков тип на настава, додаде Џидров.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро