Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип за ризичните групи

Од:

Министерството за здравство информира дека од денеска, преку страницата vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население. Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од производителот компанијата Абот од Холандија.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета е за следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Со пополнување на апликацијата се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате.

Граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк:

https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на заболени од грип

Вкупно 139 случаи на грип пријавени минатата недела

Катерина Ѓуровски

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Таравари прими вакцина за сезонски грип

Донесена одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци

Предраг Петровиќ

Демири ветува помош на Леонид, системско решени по изборите