Почна поставувањето подземни контејнери во општина Аеродром

Од:

Систем за поставување подземни контејнери за одлагање комунален отпад е промовиран денеска на булеварот „Јане Сандански“, пред ТЦ „Три Бисери“.

– Денеска почнаа градежните работи за инсталирање систем за поставување подземни контејнери за одлагање комунален отпад на територијата на општина Аеродром, што е дел од втората фаза на проектот за поставување систем за подземни контејнери. Во рамки на оваа фаза ќе бидат поставени подземни контејнери на девет микро-локации, односно по три контејнери на три-микролокации во секоја од општините: Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. На три локации во Аеродром ќе се поставуваат вкупно девет подземни контејнери, од фирмата АТРИКОТ од Република Словенија, истакна Трајановски.

За реализација на овој значаен проект, посочи, се издвоени 6,6 милиони денари, од кои секоја од трите вклучени страни издвојува по 2,2 милиони денари, односно подеднакво инвестираат Градот Скопје, општината Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“.

– Со овој проект за поставување подземни контејнери во втората фаза се опфатени три општини, а бидејќи проектот е прифатен од граѓаните заради големите придобивки, планираме оваа активност да се прошири и во другите скопски општини, додаде Трајановски.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи рече дека системот за складирање отпад е посовремен од претходниот, изменет е дизајнот на надворешните кутии и има поголема заштита на контејнерот за ПЕТ амбалажа. Изрази надеж дека за неколку години градот Скопје ќе има лик на вистинска метропола.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он