Почна монтирањето на пешачкиот натпатник меѓу Хиподром и Инџиково

Од:

Почна монтирањето на пешачкиот натпатник што ќе ги поврзе населбите Хиподром и Инџиково, во општината Гази Баба и ќе овозможи непречено и безбедно движење на граѓаните од двете населби преку автопатот.

Денеска се монтираше долниот дел од првата половина на натпатникот, во наредниот период таа ќе се комплетира по што ќе следи монтирање и на втората половина од конструкцијата.

Според најавите од Град Скопје, доколку временските услови се поволни се очекува изградбата на пешачкиот натпатник да заврши докрајот на октомври.

Натпатникот е од челилчна конструкција со бетонски столбови, челични скали и челични рампи. Треба да овозможи безбеден премин на пешаци, пешаци со велосипеди и лица со посебни потреби. Ќе биде долг 63 метри, а широк 5,4 метри со површина за движење широка 3,1 метар. По должината на натпатникот ќе биде поставена ограда висока 2 метра, изработена од челични профили и челична мрежа, како и конзоли за инсталации. Новиот натпатник ќе го осветлуваат 12 канделабри, а ќе бидат осветлени и рампите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он