Коцевски: Да не им се плашиме, да им кажеме НЕ

Од:

„Митингов му прилега на слободарски Велес. Животот во Велес е се потежок, младите не го посакуваат како место за живеење. СДСМ е единствената сила која има и знаење и идеи и решенија да ја извлече земјата од бездната која тоне“, рече на митингот во Велес, Аце Коцевски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Велес.

Коцевски истакна дека граѓаните на Велес бараат да се врати, бидејќи велешани најдобро знаат што е да имаш, па да немаш. Државни органи беа вклучени во изборниот фалсификат на претходните избори, рече кандидатот за градоначалник на Велес.

„Изјавувам дека немам финансиски причини или интерес да се кандидирам повторно да се кандидирам за градоначалник. Но предизвикот за подобар Велес е голем. Функцијата ќе ја извршувам чесно, ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на верска и партиска припадност. Знам дека ризикувам во следните 10 месеци до изборите. И јас го прифаќам ризикот и треба да им кажеме дека не им се плашам“,рече на митингот Коцевски.

Вети нови работни места, проширување на индустриската зона, подобрување на условите за живеење, изградба на гасоводна мрежа.

„Велешани секогаш биле прогресивни и затоа не седете пред телевизорите, бидете одважни да им кажеме не, не сакаме да бидеме заложници на вашите погрешни политики и лажен патриотизам“, порача Коцевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски