Црвенковски: Ја добивме Марија Антоанета во Никола Груевски

Од:

„Сосотојбите се полоши од било кога во Македонија, народот страда и тоа се гледа на секој чекор“, рече Бранко Црвенковски на митингот на СДСМ во Струмица.

Индустријата и стопанството паѓаат, се зголемуваат долговите, преку 120.000 блокирани сметки на фирми и граѓани, за десет пати повеќе отколку пред 6 години, вкупниот долг на земјава е двојно зголемен. Се поставува најлогичното прашање, каде се парите, каде завршијa? Дали се отворија нови работни места, никадe ништо“, рече Црвенковски.

Црвенковски ги коментораше вчерашните антикризни мерки на владата.

„Груевски соопшти 12 мерки. Два пати, три пати гледав да не сум згрешил нешто.
Владата на социјално загрозените граѓани ќе им овозможи бесплатно да одат на балет и театар. Алооо, тие луѓе немаат леб да јадат, лекови да купат, струјата да ја платат, а Груевски ќе ги прати на балет без пари“, рече Црвенковски.

„Е вчера и ние си ја добивме Марија Антоанета во Никола Груевски. Тој на граѓаните им порача ако немате леб одете на балет. Во кој црн балет ќе одите во вашите градови или со автостоп ќе одите до Скопје и на балет“, рече Црвековски.

„Ако со 13 милиони евра може да се отворат 8000 работни места тогаш колку работни места ќе отворевте со оние 350 милиони евра што ги заглавивте на плоштадот во Скопје? Во споменикот на Александар има 8000 работни места, во споменикот на Филип има 3500 работни места. Цела среќа што Александар немал повеќе враќа и сестри, каде ќе ги ставеа? И навистина да ги потрошеа сите тие пари на плоштадот, а не да завршеа во приватни џебови. Скопје 2014 е огромен криминал за кој ќе мора да се одговара, ви гарантирам дека ќе се одговара“, рече Црвенковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено