Почна кампањата за заштита на шумите од пожари

Од:

Зголемување на свеста кај населението за заштита на шумите од пожари е целта на кампањата која денеска почнаа да ја спроведуваат Противпожарниот сојуз на Република Македонија, Противпожарниот сојуз на Град Скопје, Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“, Македонски шуми и Дирекцијата за заштита и спасување.

Во кампањата учествуваат активисти од противпожарните сојузи на Град Скопје и ученици опремени со противпожарни шлемови. На плоштадот Македонија на граѓаните им се делат флаери, а стручни лица даваат совети и препораки како да се заштитат шумите од пожари.

Претседателот на Противпожарниот сојуз на Република Македонија, Никола Николов изјави дека целта на кампањата е да се предупреди населението за претстојната сезона за пожари на отворен простор.

– Треба да се обидеме сите како граѓани да бидеме внимателни да не предизвикаме пожар кога престојуваме надвор од урбаните средини. Во последните неколку години бројот на пожарите се намалува, а однесувањето на луѓето е посоодветно од тој аспект, посочи Николов.

Додаде дека во 99 отсто од случаите причина за пожарите е човечки фактор.

Претседателот на Противпожарниот сојуз на Град Скопје, Никола Бојковски упорача да не се пали отворен оган во шума, да не се палат стрништа, излетниците, туристите и берачите на лековити билки при престојот во шумите да внимаваат да не предизвикаат пожар, да не се фрлаат догорчиња и отпушоци во шумите…

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни

ЦУК: Од вкупно 29 пожари во изминатите 24 часа, само три се активни

Горан Наумовски

Локализиран е пожарот во близина на Римскиот аквадукт кај Скопје, при гаснењето дошло до инцидент, па реагирала и полицијата

Горан Наумовски

ЦУК: Со денови гори букова шума на Кожуф

ЦУК: Пламна голем пожар во атарот на скопското село Батинци