ВИДЕО: Почна јавната расправа по предлог-законот за пушење

Од:

На собраниската комисија за здравство, пратеници и претставници на стручната јавност денеска расправааат по измените на предлог-законот за пушење.

Новото законско решение со кое се предвидува либерализација на пушењето во угостителските објекти го образложи пратеникот Томислав Тунтев од СДСМ. Со него се предвидува пушењето да биде дозволено на терасите и летните бавчи и во зимски услови, кога ќе бидат затворени со најлони. Според Тунтев, овој закон ќе биде праведен за сите, нема да има арбитарни казни само за едни, како порано кога селективно се казнувале угостителите.

„Ние сакаме да им помогнеме на угостителите да работат како што заслужуваат. Конечно, се надеваме дека ќе се отворат и повисоки шанси за развој на туризмот. Дали ќе се пуши во бавчите нема да зависи повеќе од метеролошките услови. Овој закон нема да го носиме партиски, ќе го лобираме кај секој пратеник, ќе чуеме сечие мислење“, рече Тунтев.

Според предлогот, на местата каде што се служи храна нема да се пуши. Угостителите ќе имаат право да изберат дали сакаат во нивниот локал да се пуши и за тоа да платат лиценца или ќе останат на сегашното решение, пушењето и понатаму да биде забрането кај нив.

По предлог-решението на комисијата ќе се изјаснат и претставници од експертската фела, по што законот ќе продолжи во собраниска процедура. Според најавите, се очекува либерализацијата на пушењето да биде донесена до крајот на месецот за да може законот да се применува во пракса во зимски услови.

Г.Д.М.

Би можело да ве интересира

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски