ВИДЕО: Почна изградбата на втората фаза од булеварот „Босна и Херцеговина“

Од:

Деновиве започна со изградба втората фаза од булеварот „Босна и Херцеговина“ во должина од 1700 метри и тоа од новоотворениот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ кон улиците „Алексадар Урдаревски“ и „Ќемал Сејфула“.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска на прес-конференција соопшти дека станува збор за околу 1700 метри булевар, со широчина од 40 метри, шест коловозни ленти, две велосипедски, две пешачки патеки и централно и странично зеленило.

– Град Скопје нема алтернатива освен да гради добра инфраструктура со цел да го подобри развојот. Станува збор за околу 1700 нови метри булевар со широчина од 40 метри, шест коловозни ленти, две велосипедски, две пешачки патеки централно и странично зеленило кои убеден сум дека ќе дадат инпут за следен добар развој на нашиот град во наредните 30-на години, појасни Шилегов.

Тој ги повика граѓаните во текот на изведување на овие градежни активности да се придржуваат до времените сообраќајни режими кои се воспоставени со цел побрза реализација. Негова желба, како што рече, е пред нова година да има целосно затворен дел од булевар „Словенија“ до „Христијан Тодоровски Карпош“.

Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски смета дека на овој начин комуникацијата до останатиот дел од Скопје ќе биде многу брза.

– Ова што сега го правиме не е само значајно за оваа општина туку има и повеќе општини кои ќе ги користат овие патишта за побрза комуникација. Сигурен сум дека граѓаните на Бутел и на Град Скопје се задоволни од она што го правиме, рече Смилевски.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен