Почна изградбата на ветерниот парк кај Штип

Од:

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони денари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 илјади домаќинства.

Новиот ветерен парк најавен како најголем во Западен Балкан, е значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата.

Коосновачот и управувачки партнер на „Алказар енерџи“ Даниел Калдерон најави намалување на цената на струјата со овој проект за чиј старт ја истакна подготвеноста на државата, како што рече, со покажано лидерство и дисциплина.

– Раководството на државата нас не туркаше да ги завршиме работите побргу. Ги поставуваме темелите на овој значаен проект над 500 милиони долари, кој ќе создаде 600 работни места, ќе создаде чиста енергија, ќе ги намали емисиите на јаглероден диоксид, рече Колдерон

Тој сподели дека според анализа на Блумберг во Западен Балкан ќе има нови инвестиции во обновливи извори на енергија во износ од 11 милијари долари, во кои, рече дека државава би имала удел од 30 до 40 проценти поради позицијата, човечкиот капитал и дисциплината.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека по повеќе од една година тоа што го ветиле со инвеститорот денеска добива завршница на првата фаза.

– Дисциплината е секогаш најважна, ако нема дисциплина и јасна поставена структура на еден проект тогаш нема ништо. Имаме уште многу идеи како оваа ивестиција може да додаде уште поголема вредност и за компанијата и за нас како држава, рече Мицкоски.

Владата, како што наведе, сериозно е посветена на економијата бидејќи силно веруваме дека имаме огромен потенцијал кој може да не одведе со гигантски чекори напред. – Тоа го правиме и такви се првичните индикатори од почетокот на оваа година, посочи премиерот.

Според вицепремиерот и министерот за транспорт и врски Александар Николовски, со реализацијата на оваа, како што истакна, најголема инвестиција во обновливи извори на енергија, покажуваме дека како нација можеме да водиме големи проекти.

-Во однос на економијата имаме директен и идиректе импакт, директниот е она што ќе се произведе и продаде и вегува во БДП, но индикректниот е многу поголем, пред се, за стопаството и индустрјата. Правилата на ЕУ во однос на зелената транзција се дека во металната, челичната индустрија, кои придонесуваат најмногу за нашиот БДП дека веќе од 2026 година мора да се користи зелена енергија. Во спротивно ќе се плаќа казна, за да го спречиме тоа, за да дадеме шанса на нашата економија да е конкурентна надвор вакви проекти ќе придонесат за да бидеме лидери и во индустриското производство, рече Николоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа е историски момент

Горан Наумовски

Мицкоски: Ќе има зголемување на минималната плата, но по законска постапка

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

Мицкоски побарал телефонски разговор со Фон дер Лајен за проблемот на превозниците

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ