Започна изградбата на ново минаре за градската џамија „Мехмед Бег“ во Берово. Изградбата на минарето е во согласнсот со измените на Деталниот урбанистички план и за него е добиено одбрение за градба од надлежните органи.
На пригодната свеченост по тој повод,покрај верниците од Малешевијата, присуствуваа и Поглаварот на ИВЗ во Република Македонија Реис Ул Улема Сулејман ефенди Реџепи, претставници од Амбасадата на Република Турција во Скопје и гости од Турција.
Новото минаре ќе има висина од десет метри, а неговата изградба е овозможена со финансиска поткрепа во вид на приватна донација од турски донатори. Рокот за завршување на изградбата на минарето е до крајот на март годинава.
Градската џамија „Мехмет Бег“ во Берово била изградена во периодот од 1863 – 1864 година, а до сега е реновирана повеќе пати.