Почна изградба на велосипедско-пешачка патека покрај Беровско езеро

Од:

Покрај Беровско езеро започна изградбата на велосипедско-пешачка патек, во вкупна должина од 1.680 метри и ширина од 2,5 до 3,5 метри, а ќе се протега од трупот на хидроакумулацијата до објектот на кајакарскиот клуб.

Дел од патеката во должина од 140 метри е исклучиво за пешаци и е решен со изградба на скалила во ширина од 1,5 метри и со безбедносна ограда од страната на езерото. Велосипедско-пешачката патека ќе биде осветлена по целата должина и ќе им овозможи на посетителите крајезерски прошетки во текот на целото деноноќие.

– Изградбата на оваа патека е еден сегмент од програмата на општина Берово за унапредување на туристичката понуда. Ја реализираме со помош на Министерството за транспорт и врски, од кое за оваа намена ни се одобрени 16.000.000 денари, изјави градоначалникот на Берово Драги Наџински.

Покрај патеката ќе бидат изградени 8 проширени простори со настрешници, канделабри, павилјони за скара и освежителни пијалоци, а ќе бидат поставни корпи за отпадоци и клупи за одмор.

Би можело да ве интересира

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он

Пекевски: Месното население и компаниите да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Готен

Затворена е кујната во Домот за стари лица во Берово по појавата на стомачни тегоби

Се откопувале гробови, коските се фрлале на градежна депонија

Утрово насекаде минусни температури, најстудено во Берово -9

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево