ФОТО: Почна изградба на средно училиште во општината Сарај

Од:

Во општина Сарај денеска почна изградба на средно училиште кое се очекува да биде во употреба од 1 септември 2014 година. Ќе се простира на 1.700 метри квадратни и ќе има капацитет за 350 ученици во една смена. Инвестицијата од 48 милиони денари е на Министерството за образование и наука.

На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери, министерот за  образование и наука Спиро Ристовски и неговиот заменик Сафет Незири, заменик-претседателката на Собранието на РМ Сузана Салиу и градоначалниците на Скопје и на општината Сарај Коце Трајановски и Беким Мурати.

Kamen-temelnik na Sredno uciliste vo Saraj (1)

Училиштето, кое  ќе располага со осум училници, четири кабинети и една училница-работилница, ќе им го олесни пристапот до средно образование на младите од општината кои сега патуваат во другите општини на Скопје.

– Во новото училиште, во кое наставата ќе се одвива на албански јазик, учениците ќе можат да се определат за некоја од понудените насоки, кои ќе бидат дефинирани во следниот период, по елаборација на потребите. Објектот ќе биде израз на модерна архитектура, современо опремен и уреден за да одговори на потрребите за продуцирање на соодветните образовни профили, а ќе располага и со сопствен систем за греење, истакна министерот Ристовски.

Училиштето ќе биде 22-ро во надлежност на Град Скопје.

Kamen-temelnik na Sredno uciliste vo Saraj (3)

Градоначалникот Трајановски рече дека ќе им се обезбдат услови на учениците за настава, но и ќе им се скрати времето да стигнат на училиште зашто ќе го имаат во близина на своите домови.

– Градот Скопје и општината Сарај ќе помогнат за инфраструктурно уредување на ова средно училиште, така што сите заедно ќе овозможиме училиштето да биде изградено за 12 месеци и следната година на 1 септември свечено да го отвориме, рече Трајановски.

Градоначалникот на Сарај Беким Мурати истакна дека денот е историски за 40.000 жители на општината зашто, рече тој, почнува нова страница во албанското образование.

– Општина Сарај е решена силно да ги подигне образовните капацитети со единствена цел – новите генерации да бидат конкуренти на европскиот и во светскиот пазар. Средното училиште ќе биде модерна зграда според сите европски стандарди, рече  Мурати.

Проектант на објектот е компанијата „Идеја плус“ од Скопје, а изведувач „Алкон-проект“-Скопје.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска