Почна исплатата на авансната помош за полавените

Од:

Министерството за финансии информира дека сите граѓани кои ги евидентирала Комисијата за проценка на штетите во подрачјата зафатени од поплавите во скопскиот и тетовскиот регион ќе бидат опфатени со авансната исплата на средства според динамиката со која податоците стигнуваат во ресорното министерство.

Министерот за финансии Кирил Миноски информира дека во текот на денов ги префрлиле парите на посебните наменски сметки во деловните банки.

– Тоа значи дека во попладневните термини средствата ќе бидат достапни за граѓаните од поплавените региони. Исплатата ќе перодолжи и во наредниот временски период, согласно податоците кои ќе ни бидат доставувани од Комисијата за надомест на штети. Се работи за префрлање средства на 2.154 граѓани, рече Миноски.

Гграѓаните можат да ги подигнат парите на шалтерите на банките со документи за идентификација – лична карта или пасош. Секое семејство треба да добие надомест од 500 евра, кои им се неопходни за почетно санирање на штетите. Аванс ќе им биде исплатен и на другите поплавени семејства.

Како тимовите за проценка на штети завршуваат со работа во домовите, така и граѓаните телефонски ги пријавуваат своите сметки во деловните банки на кои треба да им легнат парите од авансното обесштетување. Пријавувањето се врши на четири фиксни телефонски линии, но и на мејлот на Министерството за финансии и со СМС порака со име и презиме и име на банката на мобилниот број 070/271-410.

Откако тимовите за проценка на штети ќе завршат целосно со работата, ќе следува исплатата на штетата, при што износот на авансното обесштетување ќе биде одбиен од целата сума.

Би можело да ве интересира

Невремето откорна тенда од ресторан во Тетово, тешко повредена е 29-годишна жена

Горан Наумовски

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и град попладнево зафати повеќе делови од земјава

(ВИДЕО) Силно невреме во Австрија, бурата и градот уништија згради и возила, улиците се претворија во реки

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски

Скопје го зафати невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и интензивна појава на град

Горан Наумовски