Почна гласањето за доверба на Заев

Од:

Со 42 дискутант, заврши расправата на Конгресот на СДСМ при што се пристапи на гласање за доверба на актуелниот лидер Зоран Заев.

Претходно Заев обраќајки им се на делегатите истакна дека сите дискусии и „за„ и „против“ него се здрави и се коректив за раководството.Напомена дека во иднина мора да се гради единството во партијата.

-Четириесет и двајца дискутанти испратија порака на различност, и тоа е богатство со кое треба да се гордееме, рече тој.

Гордан Георгиев пред да се обрати Заев кажа дека партијата имала хаотичен коцепт и дека тој имал понуда да биде потпретседател на партијата ама оставил простор новото раководство да спроведе нови политики.

-Изненеадена сум што кажа дека кога Зоран Зоаев станал претседател ти понудил да бидеш потпретседател, па има ли поголем доказ за поддавање на рака од лидерот, го праша Десковска Георгиев.

Таа кажа дека на партијата и треба единство.
-Сите ни требаат и Рада и Заев и Бранко за да ставиме крај на личните интереси и суети, денеска ќе го одредиме патот на нашето натамошно дејствување, рече Десковска.

Претседателот на младите социјалдемократи Стефан Богоев упати порака дека треба интересот на партијата да се стави пред личниот интерес.
На Конгресот едногласно беа усвоени извештаите за парламентарните и претседателските избори.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Катерина Ѓуровски

СДСМ денеска го бира новото раководство

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите