Почна дистрибуцијата на решенија за комунална такса и фирмарина во Куманово

Од:

Општина Куманово почна со дистрибуција на решенија за комунална такса и за фирмарина.

Од Секторот за администрирање на приходи, стратешко планирање и локален економски развој во општината информираат дека на подрачјето на општината евидентирани се 3.972 субјекти кои треба да ја платат обврската за истакнување фирма на годишно ниво – 6.000 денари и 2.000 денари за секоја деловна единица.

– Одделението за администрирање на приходи работи и на ажурирање на базата на податоци преку информации од Централниот регистар за новорегистрираните фирми како и одјава на фирми кои веќе не постојат. Исто така, странките и сами реагираат доколку некоја фирма има промена во регистарот по кој било основ, изјави помошник раководителот на секторот Андријана Недељковски.

Почната е и дистрибуцијата на решенијата за наплата на данок на имот за правни лица за 2018 година. Решенијата ќе го доставуваат доставувачи од општината, а уплатата може да се врши директно во банките со приложување на решението.

– Ги повикуваме сите физички и правни лица на територија на Општина Куманово, сите промени во дел на имотна сотојба на недвижности да го пријават во архивата на Општина Куманово, со имотен лист и соодветна даночна пријава, рече Недељковски.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски