Почна чистењето на речното корито на Којнарка во Куманово

Од:

Општина Куманово започна со чистење на коритото на Којнарка. Екипи на приватни компании го чистат корито од зеленило, трева и шут. Паралелено, екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ работат од двете страни на реката и ги чистат површините.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, најави дека претставници од секторот за инспекциски надзор, од СВР Куманово и од невладините организации започнале со поделба на едукативен материјал со кој ќе ги едуцираат граѓаните кои живеат покрај речното корито да се однесуваат совесно кон животната средина.

– Апелираме до граѓаните да не фрлаат градежен шут во речните корита. Ова е последна превентивна акција. Во наредниот период ќе се соочат со дополнителни обврски, откако инспекцијата ќе излезе на терен ќе следуваат репресивни мерки, изјави Димитриевски.

Тој апелираше до граѓаните да не фрлаат смет во речните корита и ги повика совесните кумановци да ги информираат надлежните служби за несовесното однесување на дел од граѓаните во однос на зачувувањето на животната средина.

Акцијата се спроведува во рамки на годишната програма за зачувување на животната средина. На годишно ниво општина Куманово одвојува од пет до 10 милиони денари средства за чистење на речните корита. Оваа ставка се уште не е искористена во тековната година, поради фактот што приватните компании доброволно се вклучиле во расчистувањето на коритото.

Димитриевски информираше дека на подрачјето на општината има само тројца комунални редари кои физички не можат да го покријат градот за што се потребни 15 редари, но најави дека во наредниот период ќе следи реорганизација на општинските служби со што дел од вработените ќе бидат префрлени од од еден во друг сектор. Димитриевски рече дека преку ЗЕЛС и како претседател на североисточниот регион се залага за формирање комунална полиција.

Додаде дека паралелно се одвива и проектот регулација на речното корито на Липковка и дека застојот во работата ќе го решаваат тековно поради дивоградбите во речното корито. Овој проект се спроведува во три фази и го опфаќа течението на реката.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување