Почна асфалтирањето на новите коловозни ленти на булеварот „Трета македонска бригада“

Од:

Екипите на Градот Скопје почнаа со асфалтирање на новопробиените две коловозни ленти на булеварот Трета македонска бригада, на потегот од раскрсницата со булеварот Србија кон улицата Фрањо Клуз. Веќе е нанесен првиот носечки асфалтен слој, а асфалтирањето на новопроширената делница ќе продолжи и во наредните денови.

Градот Скопје очекува асфалтирањето на новите коловозни ленти на булеварот Трета македонска бригада да заврши до крајот на наредната недела. Потоа, возилата ќе се пренасочат по новите две ленти, а ќе се продолжи со реконструкција на коловозот на постојните две сообраќајни ленти.

Од страната на двете постојни коловозни ленти деновиве се заменуваат старите и оштетени рабници и се формираат тротоарите.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски