Починатиот пациент бил примен на Кардиохирургија, лекарите одлучиле да не се оперира

Од:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) нема констатирано недостатоци согласно надлежностите и се предлага постапка за стручен надзор до министерот за здравство, кој формираше стручна комисија за да ги испита сите детали за починатиот пациент на Државна кардиохирургија, Т.А. од Скопје. Пациентот бил примен и со одлука на лекарите било одлучено конзервативно да се лекува, а не да се оперира, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари во одговор на новинарско прашање на прес-конференција.

Таравари вели дека за жал не знае што се случило и зошто настапила смрт кај пациентот и зошто семејството не дозволило да се изврши обдукција.

-Да беше направена обдукција ќе се знаеше, бидејќи е констатирано дека имал и други здравствени проблеми, не е само аневризма на аортата, рече Таравари.

Прашан за набавката на апаратот за ангиографија Кардиохирургија и зошто досега не бил ставен во функција, министерот рече дека секогаш се бара од клиниките да посочат каков апарат бараат.

-Одлучиле да набават апарат кој е и компјутерска томографија и ангиограф и вистина е дека побарале да се постави на шини за да биде посигурен и со тоа подобро сме со осигурале за да не биде за 2 или 3 тони колку што тежи. Точно не знам и сега тоа е направено и апаратот веќе е инсталиран, истакна Таравари.

Тој рече дека не сака да зборува за приватните болници каде што евентуално требало да биде однесен сега починатиот пациент и како што рече Таравари било разговарано со нив, но пациентот имал и друг здравствен проблем.

И директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски очекува Стручната комисија да ги испита сите детали за овој случај.

Инаку, вчера Таравари изјави дека за починатиот пациент на Државна кардиохирургија ќе има одговорност, доколку имало пропуст или грешка околу неговото лекување.

Би можело да ве интересира

АА: Намерно се блокира спроведувањето на Законот за правична и соодветна застапеност во државните и јавните институции

Таравари избра да оди со ДУИ, нека му е со среќа, изјави Меџити

Рамадани поднесе оставка на функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии

Таравари се приклучи на блокот на криминалот и минатото, вели премиерот Мицкоски

Влен: Се зголемува бројот на луѓе разочарани од скандалозната одлука на Таравари да оди во скутот на Ахмети

Горан Наумовски

Таравари ја напушта Владата и ќе биде опозиција