Починат маж пронајден во охридското село Лескоец

Од:

Во СВР Охрид вчера попладне било пријавено дека во селото Лескоец на место викано „Горно Трно“ било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 75-80 години, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 3 септември 2021 во 14,20 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Лескоец на место викано „Горно Трно“ било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 75-80 години. Од страна на лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирана била смрт, без видливи траги на насилство, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар