Починале три новороденчиња, тројка на УК за гинекологија и акушерство

Од:

Според информациите од Клиниката за гинекологија и акушерство, пациентката И.М била хоспитализирана на 21 август на Клиниката за гинекологија и акушерство заради болки во абдоменот.

Истиот ден е породена со царски рез во 27 недела со тројка, по претходно прснат воденик и пролабирана (испадната) папочна врвца и со цел да не биде прекинат доводот на кислород, веднаш е извршено породување. Новороденчињата се прифатени од педијатар и акушерка во операциона сала. Спроведена е и примарна реанимација со аспирација, вентилација со маска и амбу и термостабилизација и во инкубатор сите три биле транспортирани на Одделение за интензивна неонатална нега и терапија.

Со семејството во неколку наврати од страна на персоналот на Клиниката било разговарано, со цел да се објасни состојбата на новороденчињата, третманот и можните шанси за преживување и веќе следниот ден е констатирана смрт на сите три.

Министерството за здравство веднаш по добивање на информациите формираше комисија за стручен надзор која детално ќе го испита случајот, со цел да утврди дали во целокупниот третман на родилката и новороденчињата е постапено согласно протоколите и медицината базирана на докази. Истовремено комисија е формирана и од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

A1on

Раката на бебето повредено на ГАК е имобилизирана, првична проценка на Комисијата е дека нема стручна грешка

ВМРО-ДПМНЕ: Три скандали на Гинекологија за една недела, никогаш не било полошо

Акушерка исекла прст на новороденче: Суспендирана е, прстот на бебето ќе биде спасен

Анита Петровска Рајковиќ

Бебето Едон родено со 940 грама си замина дома по 77 дена поминати на ГАК

Меџити ќе проверува каков лекарски третман имала родилката која се обиде да се убие на Гинекологија

A1on