Почина 74-годишниот велосипедист од Скопје, кој пред четири дена беше прегазен на булеварот Партизански одреди, наспроти трговскиот центар Антико во Карпош 4. Според информации на „А1он“, скопјанецот имал тешки повреди на повеќе делови од телото, меѓу кои главата и ребрата. Исто така, бил примен со крварења во мозокот, а по четири дневен третман во болница и негово лекување, тој починал.
74-годишниот скопјанец беше прегазен во петокот и беше во животна опасност. Неофицијално, бил удрен додека поминувал на пешачки премин со велосипедот. На лице место имаше траги од кочење, а сведоци кажуваа дека имало и локви крв на местото. На возилото кое удрило во велосипедистот, била искршена шофершајбната.
На местото беше извршен увид од увидна екипа на полицијата, а за несреќата беше известен и дежурен јавен обвинител.