Почина уште еден повреден во несреќата кај Ласкарци

Од:

Изутрината почина уште еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Скопје – Тетово, со што бројот на жртви се искачи на 15.

Како што потврдуваат од Министерството за здравство, станува збор за 39-годишен маж кој што со тешки повреди беше задржан на лекување на КАРИЛ-Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

„На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Скопје, утринава во 5 часот, почина уште еден од патниците кои настрадаа во сообраќајната незгода кај селото Ласкарци. Станува збор за петнаесетиот загинат, маж на возраст од 39 години во оваа голема несреќа.

Патникот при несреќата се здобил со тешки повреди на градниот кош и белите дробови и веднаш бил пренесен во болницата „8-ми Септември“. Но, поради сериозноста на повредите уште ноќта бил префрлен КАРИЛ“, велат од Министерството за здравство.

Оттаму посочија дека на повредениот патник му биле извршени две операции истата вечер откако бил донесен на КАРИЛ поради големо крварење од белите дробови, но за жал поради сериозноста на повредите, утринава починал.

Во земјава беа прогласени денови на жалост по сообраќајката во која животот го загубија 15 лица, а 37 беа повредени.

Пред два дена кај село Ласкарци се преврте автобус на компанијата „Дурмо Tурс“. Автобусот што излета од автопатот и се преврте во близина на стариот пат, беше кренат од местото на несреќата и по наредба на јавен обвинител врз него ќе се врши детално техничко вештачење од страна на Машинскиот факултет во Скопје.

Од досегашните сознанија е утврдено дека автобусот бил набавен во 2001 година, а последен пат бил регистриран во јануари 2019 година. Вешт наод и мислење треба да достави и Бирото за судски вештачења.

Анализата на примероците на крв и урина на возачот кој беше хоспитализиран поради телесни повреди покажала дека во моментот на несреќата кај него не е регистрирано присуство на алкохол, лекови или психотропни супстанции, а дополнително ќе се утврдува дали во моментот на несреќата користел мобилен телефон.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Во несреќата кај Штип загинаa тројца работници, двајца од Бангладеш и еден од Непал

Горан Наумовски

Тројца работници загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш

Горан Наумовски

Несреќа на патот Штип-Радовиш, има починати и повредени

Горан Наумовски

Во сообраќајка во Луксембург загинаа тројца државјани на Косово

„Мерцедес“ излета од патот кај Облешево, загина возач

Горан Наумовски

Еден загина, тројца тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Горан Наумовски