Почина Ратка Димитрова, пратеничка од првиот собраниски состав

Од:

Ратка Димитрова, македонската политичарка и пратеничка во првиот состав на Собранието, почина на 80-годишна возраст.

Димитрова се вклучи во политичкиот живот на Македонија во времето на осамостојувањето и на првите повеќепартиски избори, кога беше избрана за пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Како една од првите жени кои се истакнаа во македонската политика, нејзината оригинална политичка појава остави силен печат на раните денови на плурализмот во земјава. Таа беше меѓу основачите на Унијата на жени на партијата.

Димитрова беше истакнат музичар, виолинистка со диплома од Факултетот за музика во Љубљана и магистратура на Конзерваториумот „Петар Илич Чајковски“ во Москва. Таа е мајка на досегашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров и сопруга на Димитар Димитров, поранешен министер за образование и за култура и амбасадор во Москва.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги