Почина професионален војник на АРМ на стражарско место

Од:

Триесет и седумгодишен професионален војник на АРМ починал на смена на стражарското место на издвоениот објект на АРМ „Еребино“, на 16 август во еден часот по полноќ за време на редовно извршување на стражарската служба, соопшти денеска Генералштабот на АРМ. Причината за смртта ќе се знае по објавувањето на извештајот од Судска медицина.

На професионалниот војник во текот на смената на стражарското место, при качување во моторно возило видно му се слошило, од каде бил веднаш пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде лекарите констатирале смрт. По наредба на Јавен обвинител, повикан е доктор по судска медицина од кого е утврдено дека кај професионалниот војник нема надворешни повреди и траги на насилство кои би влијаеле на причината за смртта, се наведува во соопштението.

– Генералштабот на АРМ укажува на фактот дека починатиот професионален војник е примен на служба како здрав и способен за служба, што е утврдено преку систематскиот лекарски преглед. Напоменуваме дека согласно Правилото за обезбедување на објекти, материјални средства и луѓе во АРМ и неговата примена во однос на подготовката на припадниците на АРМ пред извршување на стражарска служба, кај починатиот од страна на лекар е утврдена добра здравствена и психофизичка состојба, пред упатување на стражарска служба, стои во соопштението од ГШ на АРМ.

По објавувањето на официјалниот извештај за обдукција од Институтот за судска медицина во Скопје, ќе се утврдат причините поради кои настанала смртта кај професионалниот војник, за што Генералштабот на АРМ ќе ја информира јавноста.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски