Почина познатиот тон снимател од МРТВ Варнава Андреевски – Бакли

Од:

На 80 годишна возраст во Скопје по кратко боледување почина познатиот тон снимател од МРТ Варнава Андреески – Бакли. Андреески 43 години работен век ги помина токму во јавниот сервис непосредно до камерите на терен и во телевизиските студија.

Тој беше единствен жив сведок од техничкиот оддел на МРТ кој ја формираше некогашната ТВ Скопје по земјотресот. Десет години како тонец патувал по светот заедно со Тито во тогашната СФРЈ. Работел на преносите на шест Олимписки игри, учествувал во речиси сите музички емисии на МРТ, а работел и на филмската комедија „Мирно Лето“. Погребот на Бакли ќе биде на 5 март.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми