Почина полицаецот кој беше застрелан од својот колега!

Од:

Според информациите од Јавното обвинителство од Тетово, полицаецот Живко Јовановски (51) кој во петокот беше застрелан во просториите на полициската станица за безбедност во сообраќајот во Тетово, утрово им подлегнал на повредите, јавува Дневник.

Тој во петокот околу 10 часот, според полициски извори, бил застрелан од свој колега при проверка на оружјето.

Иако веднаш по укажана лекарска помош во тетовската клиничка болница, итно бил префрлен на скопските клиники поради тежината на повредите утрово починал. Од Јавното обвинителство во Тетово за утре најавуваат повеќе детали за овој случај.

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи