Почина пензионер од Битола кој удрил во паркирано возило

Од:

На 12.7.2022 околу 11.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Македонски гемиџии“, велосипед, управуван од Ј.Б.(70) од Битола, удрил во запрено патничко возило „фолксваген шаран“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(51) од Битола.

По несреќата Ј.Б. бил пренесен во Клиничка болница Битола каде му биле констатирани телесни повреди, по што бил пуштен на домашно лекување.

Во координација со Јавен обвинител увид извршила екипа од СВР Битола. Подоцна, во текот на денот, Ј.Б. повторно се јавил во Клиничката болница Битола, при што му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што вчера починал на Клиниката за неврохирургија.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски